(АУДИО) СДСМ: Одмазди за лустрација, рекетари, банди, изборен криминал во Битола
Денеска од Битила опозицијата го продолжи објавувањето на наводните аудио сники.
Јавноста слушна што мислат Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска за Градоначалникот на Битола, Владимир Талески. За Ставревски, Талески бил „тежок криминалец“ и „перфиден актер“ а Јанкуловска го дополнува дека тоа му било „професија“.
На почеток ќе се потсетиме на еден веќе објавен разговор. Не поради погрдните зборови од Јанкуловска и Ставрески за Градоначалникот Талески. Тие нам не ни доликуваат и нема да ги споменуваме“, вака Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ Битола ја започна прес конференцијата и го пушти тој разговор.
Во следната снимка опозицијата објави разговор, во кој тврди дека ќе слушнеме што мисли првиот човек на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Зоран Илиоски, за Градоначалникот Талески. Како Илиоски, во разговор со Миле Јанакиески, се жали за паѓањето на рејтингот на Талески, дури 13% за само два месеци. Во разговорот Јанакиески, Васко вели дека, потврдува оти Талески слабо работи а Илиоски пак се прашува што правел Талески цели четири години.
Потоа следуваше сет од два разговори помеѓу, како што информира и вели СДСМ Владимир Талески и Влатко Мијалков.
Во првиот разговор од овој сет јавноста , според тврдењата на СДСМ се слушна како Талески лобира кај Влатко Мијалков да се отстранат луѓето од спротивниот табор, мислејќи на тогашниот Началник на НТШ во Битола, Кире Божиновски - Катангата. Талески вели дека овие луѓе „имаат краток спој во мозокот„ и дека се „рекетари првокласни“.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/f4C8PTDa4ko[/embed]Во вториот разговор Талески се жали дека нема ни „П“ од полиција во Битола за да го оцрни спротивниот табор. Според него, во сите гнасни работи во Битола учествуваат токму овие луѓе. Влатко Мијалков упорно го убедува Талески за ваквите состојби да ја извести Јанкуловска.
Следува сет од разговори за изборни нерегуларности, притисок врз приватни фирми и партиски вработувања. Ниту Битола не била поштедена од упадите на Миле Јанакиески, посочи Ковачевски.
Првиот разговор од овој сет, наводно според опозицијата е помеѓу Миле Јанакиески и Владимир Талески. Јанакиески се жали дека приватна компанија „Марди“ му прави проблеми и веднаш додава дека знае што да направат. „Ќе го затвориме“ вели Јанакиески и покрај тоа што има голем број на вработени. А Талески пак дава предлог решението да биде исто како со Велија.
Вториот разговор од овој сет е помеѓу Влатко Чингоски, тогашен директор на ЕЛЕМ и Владимир Талески. Чингоски бара од Талески да ја провери можноста 20-тина граѓани да гласаат на две места за време на изборите во 2011 година. Скандалот е поголем со признанието дека вакви изборни манипулации се правеле и во 2009-та година. Целата незаконска постапка оди преку познатиот бизнисмен Силјан Мицевски, попознат како „Битолчанецот“ во дел од веќе објавените разговори.
Во третиот разговор од овој сет, Чингоски директно разговара со Силјан Мицевски, сопственик на приватната фирма ГП „Пелистер“. Од позиција директор на ЕЛЕМ, Чингоски имал список на лица вработени во фирмата на Мицевски за кои вели дека не се сигурни за гласање. Чингоски бара Мицевски да ги убеди да гласаат, во спротивно се согласува да бидат избркани од работа, потенцираат од СДСМ.
Четвртиот и последен разговор од овој сет според СДСМ покажува како во државната компанија ЕЛЕМ се вработуваат луѓе исклучиво по партиска директива. Од една страна немилосрдно затвораат приватни фирми и бркаат вработени од работа а од друга страна во државните фирми се вработуваат луѓе исклучиво по партиски список. Јавноста според СДСМ слушна како Мартин Протуѓер бара од Чингоски да се вработат 9 луѓе по препорака на партијата, или по список, како што му пратила кадровата комисија.
Следува разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.
Од позиција министер за внатрешни работи Јанкуловска бара да се промени одлуката, актуелната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски, да биде избрана за Продекан на Факултетот за безбедност. СДСМ тврди дека Јанкуловска лично бара Ременски да не биде избрана за продекан само затоа што била најголем критичар на владата. )
Во последниот сет од четири разговори СДСМ тврди дека објавиле потврда на се она што го говореле за лустрацијата.„Дека процесот на лустрација власта го претвори во политичка сатанизација на неистомислениците. Дека целта на таканаречената „Комисија за верификација на фактите“ не е да расчисти со неправдите од минатото, туку на неправеден и незаконски начин да ги санкционира сите оние, коишто и пречат на актуелната власт“ рече Ковачевски.
Во првиот разговор од овој сет според СДСМ се слуша како лустраторите од комисијата за лустрација, или како што вели Јанкуловска „Томе, со таа бандата“, биле повикани во кабинетот на Никола Груевски.
Во вториот разговор, помеѓу Никола Груевски и Гордана Јанкулоска, се слуша како заклучокот на претседателот на Комисијата за лустрација, битолчанецот Томе Аџиев, се Усогласувал со Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на Никола Груевски, тврди опозицијата.
Последните два наводни разговори беа помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти.
Според СДСМ во овие разговори Милошоски договара со Аџиев на кој начин да биде спроведена постапка за лустрација.
Во вториот и последен разговор лицето за кое Милошоски бара да биде спроведена постапката за лустрација е всушност судија од Кичево. Причината, како што вели самиот Милошоски, е затоа што судијата правел многу големи проблеми за власта во Кичево.
Сите аудио снимки може да ги слушнете во видеото подолу.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/f4C8PTDa4ko[/embed]