Економија, финансии, бизнис

Контакт

(АУДИО) Опозицијата „сервираше“ нови аудио разговори

(АУДИО) Опозицијата „сервираше“ нови аудио разговори

СДСМ денеска во Струмица ја објави 11-та „бомба“. Разговори се водени помеѓу Силвана Бонева и Груевски, премиерот и Драган Павловиќ Латас, Мендух Тачи и Сашо Мијалков како и нов разговор меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески.

„Денеска граѓаните на Струмица, лично ќе се уверат, лично од Никола Груевски и неговите неколкумина соработници, што се правеле за да ги добијат изборите. Како ги притискале граѓаните, како ги малтретирале фирмите, како се изживувале со нашите сограѓани Роми, за да ја задоволат својата пуста желба да го поразат градоначалникот Зоран Заев и да ја стават и Струмица под своја контрола“, изјави пред почетокот на прес конференцијата  пратеникот од СДСМ, Панче Орцев.

Во првиот сет од 6 телефонски разговори можеше да се слушне како што тврди опозицијата како Миле Јанакиески со извесен Џоко од УЈП, по препорака на директорот на УЈП, Горан Трајковски, договара инспекции во Турското маало, што треба да направат притисок врз луѓето, како Спиро Ристовски дава налог на Јанакиески за инспекции, а министреот за транспорт се фали колку успешна акција спровел во Ново село, но како и самите го признават криминалот во своите редови, како на притисоците врз струмчани помагал пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Славе Гошев, како дневно се брифирале по колку пазарни, трудови и даночни инспекции да има во Струмица и за релацијата на Јанакиески со Џоко Кличев во врска со откупниот центар Агрикор и низа аудио разговори.

Целите аудио разговори кои СДСМ ги објави денеска можете да ги слушнете подолу во видеото.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=412yWxyL0Yw[/embed]

Слично

Поврзани вести