Економија, финансии, бизнис

Контакт

Атрактивни плацеви за куќи и хотели со поглед на езеро

Атрактивни плацеви за куќи и хотели со поглед на езеро
Се продаваат плацеви околу велешкото езеро Младост. Општина Велес веќе објави оглас за продажба на градежни парцели. Станува збор за 25 парцели за индивидуални куќин со цена која почнува од 283 денари за квадратен метар. Локациите имаат површина од 586 до 1.590 квадрати. Во околина на езерот на понуда има и два плаца за хотели. Наддавањето исто така ќе оди во месец јули, почетната цена е иста. Куќите имаат предвидена катност од приземје плус еден кат, а хотелите, од приземје плус два односно три ката. Езерото Младост важи за едно од поатрактивните одморалишта за Велешани, но и за останатите жители во Македонија осбено оние што гравитираат во овој дел. Скопјани се чести посетители на езерото, каде можат да се релаксираат и разладат, а уреденоста на просторот остава место за целодневни екскурзии.  
Слично

Поврзани вести