Економија, финансии, бизнис

Контакт

Атмосферските канализации – главна опасност за македонските градови при поројни дождови!

Атмосферските канализации – главна опасност за македонските градови при поројни дождови!
По поројните дождови во Скопје немаше класична поплава затоа што сливот на Вардар е очигледно добро обезбеден и не се прелева, но проблем се атмосферските канализации, вели првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу. Според него, ова е случај и во другите македонски градови, каде атмосферската канализација е слаба точка, а тоа е директна одговорност на локалните самоуправи. „Градоначалниците треба да посветат повеќе внимание за превентивна заштита на улиците и одводните системи за кои се задолжени“, апелираше Салиу. Капацитетот на одводните системи е далеку од потребите на транспорните текови, а само 30 отсто од Скопје е покриен со атмосферски канализации. За остатоткот од Македонија овој процент е дури и помал. „ДЗС располага со пумпи со капацитет за испумпување 3.000 литри вода во минута. По потреба, оваа опрема им ја даваме на користење и на градските, општинските служби и на претпријатијата. Сепак, мораат и тие повеќе да ги обучат своите сили, да ја потсредат документацијата, да направат соодветен план за дејствување... Мораме сите да останеме подготвени, најважно е да нема загрозување на човечки животи. Сите водни системи мораат да бидат максимално исправни! Со добра превенција би се спречиле и отстраниле 50 отсто од можните штети од поплавите“, смета Салиу. Дирекцијата за заштита и спасување внимателно ја следи состојбата на терен и во моментов закана од поплави во Македонија нема. Но, следи период на нови врнежи, особено во текот на есенските месеци, па затоа е потребна зголемена будност и на надлежните служби и на граѓаните.
Слично

Поврзани вести