Економија, финансии, бизнис

Контакт

Атлантик Група: Тедески нема да биде премиер!

Атлантик Група: Тедески нема да биде премиер!

Името на Емил Тедески како шеф на техничката влада додека не се распишат нови парламентарни избори во Хрватска, повеќепати се провлекуваше низ регионалните медиуми.

„Емил Тедески, мнозинскиот сопственик и претседател на Управата на Атлантик групата, не размислува ниту пак има интерес за преземање на функцијата премиер на потенцијална техничка влада која ја посакуваат некои во текот на политичките преговори“, соопштуваат од Атлантик групата.

Од компанијата не сакаа посебно да ја коментираат оваа изјава.

„Тоа не е тема за која се разговара, размислува, ниту Емил Тедески има такви амбиции“, порачуваат од Атлантик.

Името на Емил Тедески како шеф на техничката влада, која би егзистирала додека не се распишат нови парламентарни избори во изминатите дена се провлече низ медиумите.

Шпекулациите за поставување на техничка влада најпрво го коментираше поранешниот премиер на НДЗ, велејќи дека мандатар на техничка влада може да биде било кој , па и претприемачот Емил Тедески.

Слично

Поврзани вести