Економија, финансии, бизнис

Контакт

Атлантик група има најголем раст на продажбата во Словенија, Русија и Македонија!

Атлантик група има најголем раст на продажбата во Словенија, Русија и Македонија!
Атлантик Групата во првото полугодие на 2012 година остварила вкупен приход од продажба во износ од 322,8 милиони евра, што во однос на истиот период минатата година претставува раст од 3,3 проценти. Продажбата на пазарот во Македонија, наспроти предизвиканата стопанска ситуација во регионот и пошироко, веќе пет години континуирано расте, така да ние и во оваа година планираме остварување на плановите и понатамошен раст вели во интервју Небојша Јакимоски, директор на стратешката деловна единица „деликатесни намазиˮ во Атлантик Група. Вашите производи се едни од најпрепознатливите во бившиот екс-ју регион. Како успевате толку долго да останете првиот избор на потрошувачите? Јакимоски Со аквизицијата на Дрога Колинска, како компанија добивме избалансиран и исклучително квалитетен производствен асортиман, имаме брендови со долга традиција и одлична перспектива како што се Гранд Кафе, Цедевита, Смоки, Бананица, Штарк, Аргета, Кокта, Цедевита, Donat Mg... Од друга страна пак, постигнавме исклучителен баланс во производството и дистрибуцијата и станавме моќен стопански субјект во сите земји од регионот. Нашата сила е сочинета од нашето постоечко искуство и know-how кое го развивме во сите земји од екс-ју регионот, како и флексибилноста да се прилагодиме на потребите на окружувањето и пазарните промени, но, исто така, и храброста и иновациите во работењето, затоа што понекогаш во нешто треба да истраеме, а понекогаш и да пробате нешто ново, иако тоа со себе носи одредени ризици. На кој од екс-ју пазарите Аргета реализира најголема продажба по глава на жител и кој од екс-југословенските пазари има најголем потенцијал за раст? Јакимоски Работењето во денешни услови е исклучително тешко. Меѓутоа, ние отсекогаш бевме доволно систематични и стабилни за да ги задржиме постојните позиции, но истовремено и проактивни во барањето простор за раст, преку лансирање на нови вкусови и освојување на нови пазари. Така, стратешката деловна единица „деликатесни намазиˮ забележи раст на приходите од продажба од 7,6 % во однос на 2011 година. Гледано по одделни позари, најзначен раст во стратешката деловна единица „деликатесни намазиˮ е остварен на пазарите во Словенија, Русија и Македонија. На пазарите во Швајцарија и Шведска, Аргета остварува двоцифрени стапки на раст, додека на пазарот во Русија повеќе од двојно го зголеми приходот од продажба. Постигнатите резултати се показател за се подоброто прифаќање на Аргета надвор од екс-ју регионот и стекнување на довербата на нови потрошувачи, а значаен пазарен удел е остварен и на пазарите на Австрија и Швајцарија. Растот е остварен во сите категории, како во категоријата на месни деликатесни намази и категоријата на рибни деликатисни намази од брендот Аргета, така и во категоријата на сендвичи со продолжена свежина од бренодт Монтана, кој исто така работи во рамките на стратешката деловна единица „деликатесни намазиˮ. Најнов пазар на кој се продаваат Аргета производи е шпанскиот.  Кои се идните пазари кои се во план за освојување, и воопшто како оди пробивот на странски пазар каде не го познаваат вашиот бренд, особено западните пазари кои се заситени со разновидни производи ? Јакимоски Аргета со квалитетот на употребените состојки и начинот на изработка, дефинитивно се издигнува над категоријата паштета, бидејќи се произведува од чисто месо и природни зачини. Во неа нема остатоци од коски, кожа или рскавица итн и токму затоа за Аргета често го користиме терминот„деликатесен намазˮ. Потрошувачите, не само во регионот, туку и во Источна и Западна Европа, ја препознаваат оваа дополнителна вредност, било да имаат информации за тоа како таа се произведува или само по вкусот да препознаат дека станува збор за вистински деликатес, што го потврдуваат и освоените награди за квалитет. Аргета паштетата од туна и Аргета кокошкината паштета добија награда за извонреден вкус на Superior Taste Award 2013, кои секоја година ги доделува Меѓународниот институт за вкус и квалитет ( International Taste & Quality Institute – iTQi) од Брисел. Затоа можам слободно да кажам дека Аргета по сите параметри е производ кој има глобален потенцијал. Аргета денес веќе има 25% пазарен удел во Австрија, а одличен раст остварува во Германија и Шпанија, што е резултат на стратегијата на менаџментот на Атлантик Група насочен кон интернационалното развивање на брендот Аргета, додека Аргета во Русија денес има обем на месечна продажба која само до пред неколку години се остваруваше на годишно ниво. Како менаџер за продажба, освен што ја контролирате продажбата на Аргета во Македонија, ја управувате и координирате продажбата и на другите пазари каде е присутна Аргета. Колку тоа ви претставува предизвик и според вас, на кој пазар најдобро е организирана продажбата, односно кој е пазарот кој треба да биде пример за другите? Јакимоски Да се има престижен бренд е основен предуслов за добар пазарен натпревар, но треба да се знае и како да го одржувате и во континуитет да го развивате, како да го направите во секој момент достапен до крајниот потрошувач, односно –да го имате вистинскиот производ, во вистинското време, на вистинското место, со вистинската цена-тоа е клучот на нашиот успех и успехот на брендовите и Атлантик како водечки регионален дистрибутер  кој со силата на своето портфолио има преговарачка моќ за развој и освојување на пазарите со високо професионално управување на брендовите и со подеднаква одговорност кон сите пазари во регионот. Нашата предност лежи во примената на истите стандарди во работењето и постигнатата рамнотежа на сите пазари. Атлантик Група неодамна инвестираше во нова фабрика за производство на енергетски барови од асортиманот на спортска и активна исхрана. Како е замислен овој проект и дали се планираат натамошни промени и преструктуирање на производството на Атлантик Група во Југоисточна Европа? Јакимоски Атлантик Група како водечки европски производител на спортска и активна исхрана,  најголемиот дел од асортиманот му припаѓаат на брендот  Multipower кој го произведуваме во сопствени погони во околината на Хамбург (прашкасти производи и компримати) како и во Рогашка Слатина (напитоци), додека енергетските барови досега се произведуваа кај трета страна по договор. Во согласност со стратешките одредби за консолидација на сопственото производство, а сè со цел максимално да се икористи внатрешната синергија на системот, енергетските барови, по завршувањето на инвестицијата во новата фабрика, во иднина ќе се произведуваат во рамките на сопствентите капацитети. Се работи за проект со вкупна вредност од 16,1 милиони евра кој во првата година на производството ќе отвори 50 нови работни места, а со планираниот раст работењето ќе резултира со нови 160 работни места. После потребните припреми, почетокот на градењето на фабриката се планира да започне во мај 2014 година, а првите производи од новите линии се очекува да излезат на пазарот во првиот квартал на 2015 година. Минатата 2012 година беше исклучително успешна, со остварени вкупни приходи од 25 милиони евра од продажба во Македонија. Какви се вашите предвидувања за оваа година, ќе биде ли 2013 година подеднакво успешна на финансиски план ? Дали ќе успеете да ги остварите зацртаните цели во продажбата? Јакимоски Атлантик Групата во првото полугодие на 2012 година остварила вкупен приход од продажба во износ од 322,8 милиони евра, што во однос на истиот период минатата година претставува раст од 3,3 проценти. Продажбата на пазарот во Македонија, наспроти предизвиканата стопанска ситуација во регионот и пошироко, веќе пет години континуирано расте, така да ние и во оваа година планираме остварување на плановите и понатамошен раст. Од почетокот на годината, кога говориме за овој пазар , најзначајниот раст од продажбата забележан е кај асортиманот Слатко и Солено со брендовите како што се: Смоки, Штарк кекс, чоколадите Најлепеше жеље, потоа категоријата газирани безалкохолни пијалоци со брендот Кокта. Генерално продолжуваме со ширењето на портфолиото на нашите брендови и освојувањето на новите пазари. Така оваа година кај СПП Пијалоци лансиравме нови производи – Cockta Chinotto, додека Аргета како носител на СПП Деликатесни намази влезе на пазарот во Шпанија. Значи, за да го постигнеме планираниот раст во работењето како и профитабилноста, до крајот на годината, насочени сме на активен бренд менаџмент со посебен акцент на зајакнување на позицијата на брендовите на меѓународните пазари, зајкнување на регионланиот карактер на дистрибутивното работење и понатамошен развој на HoReCa сегментот со максимална рационализација на трошоците.
Слично

Поврзани вести