Економија, финансии, бизнис

Контакт

Атинската берза останува затворена и денес

Атинската берза останува затворена и денес

Атинската берза ќе остане затворена и денес, откако вчера се појави информација дека таа може да отвори денеска повторно.

Претходно Европската централна банка (ЕЦБ) го отфрли барањето на Грчката централна банка и грчката Комисија за пазар на капитал за повторно отворање на атинската берза без ограничувања на грчките инвеститори, кои нема да можат да ги користат постоечките депозитни сметки за купување на акции.

Според извор, цитиран од сајтот „greekreporter.com“, дури и откако ќе биде отворена, берзата ќе работи со ограничувања во текот барем на една недела, по што тие ќе бидат разгледани.

Берзата беше затворена на 29 јуни, кога во Грција престанаа привремено со работата и банките земјата, со наметнување контрола на капиталот за да се спречи извлекувањето на депозити во екот на криза во преговорите со кредиторите на земјата.

Слично

Поврзани вести