Економија, финансии, бизнис

Контакт

Атина предвидува буџетска дупка од под два отсто за периодот 2014-2015 година

Атина предвидува буџетска дупка од под два отсто за периодот 2014-2015 година

Владата во Атина предвидува дупката во јавните финансии во Грција за периодот 2015-2016 година да биде многу под два отсто БДП бидејќи грчката економија има прилив од добрата туристичка сезона оваа година, изјави за грчки медиуми претставник од Министерството за финансии.

Прашњето за недостигот во буџетот веројатно ќе доминира на преговорите на Владата со „тројката“ меѓународни кредитори кои се очекуваат во Атина за проверка на показателите во крајот на овој месец пред да биде доделена следната транша од економскиот пакет за спас на државата.

Во најновиот извештај за Грција од јули ЕК ја процени финансиската дупка за 2015-2016 година на два отсто од БДП или околу четири милијарди евра. Во среднорочната прогноза Атина имаше проекција за дупка во размер од оклу 2,5 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести