Економија, финансии, бизнис

Контакт

Атина гори по серија експлозии

Атина гори по серија експлозии

Во  Атина имаше серија експлозии, а некои од нив предизвикаа и пожари, пишува  грчкиот весник „Катимерини“.

Рачно изработени експлозивни направи експлодираа од адвокатска канцеларија и во канцеларијата на центарот за европско уставно право, каде изби и пожар.

Поради пожарот четири лица се заробени во зградата, а една жена е задржана во болница. 

Мети на бомбашките напади биле и претставници на Министерството за труд, кои се заплашувани со физичко насилство. 

Засега не се знае дали има жртви, но повредени има во пожарите. 



Слично

Поврзани вести