Атина го одобри законот, неопходен за добивање на пари од спасувачката програма
Грчкиот парламент го одобри законот за реформи, пропишани од меѓународните кредитори. Тоа се случи пред средбата на министрите за финансии од еврозоната по три дена, која е клучна за тоа дали Атина ќе добие нова транша од спасувачката програма, пренесоа агенциите.
Грција треба да прифати голем број реформи во форма на закони, за да ги покрие барањата за траншата од новата спасувачка програма во вредност 86 милијарди евра, за која склучи договор предходно во текот на годината.
Мнозинството од пратениците во 300-члениот грчки парламент го одобрија предлог-законот, кој ја менува законската регулатива за пресметување на пензиите, со што ја обврзува Грција да се придржува кон правилата на Европската унија за енергетска ефикасност, ги отстранува бариерите за продажба на најголемото грчко пристаниште и ги укинува даночните олеснувања за земјоделците.
Усвојувањето на овој закон беше исклучително важно, но се уште има нерешени прашања, бавно е доделувањето на нова помош во износ од 2 милијарди евра - планиран првично за плаќање на вредност 26 милијарди евра во рамките на програмата за спас. Оценката за имплементација од Грција на нејзините поставени барања се очекува да биде една од точките на дневниот ред на седницата во понеделник на министрите од еврозоната.
