АРСОВСКА СЕПАК НАЗНАЧИ НОВ ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНА: Александар Јовановски ќе го води претпријатието
Александар Јовановски е назначен на позицијата директор на Комунална хигиена Скопје. Тој на оваа позиција доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој.
„Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти. Јовановски има високо образование за менаџмент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, и стекнат меѓународен сертификат за Институционални пристапи за заштита на животната средина.Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС Скопје за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје“, информираа од Градот.
