Арсовска ги објави мерките: Улично осветлување во интервали, ќе се поставуваат соларни панели
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска ги објави мерките и препораките испратени до институциите што се под надлежност заради намалување на потрошувачката електрична енергија, а при тоа таа рече дека осветлувањето на главните улици и булевари нема да се исклучува.
„Што се однесува до уличното намалување, Град Скопје пристапи на негово намалување на улиците и булеварите. Под ниту едни услови нема да го изгаснме јавното осветлување, сметаме дека треба да приоритет има безбедноста и сигурноста на скопојани. Ние ќе направиме се што е возможно да се намалат трошоците за електрична енергија но не врз грбот на граѓаните“, рече Арсовска.
Таа соопшти дека можноста на лед-светлата ќе се намали на 70 проценти, осветлувањето ќе се менаџира во временски интервали и ќе има етапна замена на осветлувањето со лед-светилки.
Овие насоки се упатени и до претпријатијата и установите тоа да го направат, како и да го ограничат целото осветлување на фасадите и рекламните светла. Препорачано е рационално да се користат електричните уреди.
Арсовска додаде дека нема да има купување на луксузни стоки, угостителски услуги и репрезентации.
Долгорочно е препорачано да се постави адаптивно термичка заштита и интегрирање на обновливи извори на енергија, така што ќе се постават соларни панели на објектите под Град Скопје.
