Армија социјални случаи: Град колку Битола се издржува со помош од Буџетот!
Годинава Владата за примателите на социјална помош пресметала дека ќе бидат доволни 21 милион евра (1,3 милијарди денари). Според владините проценки годинава бројот на приматели на социјална парична помош, кои ќе ги добијат овие пари треба да изнесува околу 35.000 домаќинства. Социјална парична помош се исплаќа на домаќинства чии членови се способни за работа, но се материјално необезбедени.
Секој 15-ти жител на Македонија живее од социјална помош. Ова го покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика, а кои се однесуваат на 2013 година. Според тие податоци во 2013 година имало 34.612 семејства кои броеле 131.185 членови и кои живееле од социјална помош.
Најголем број на приматели на социјална помош во земјава се заблежува во конфликтната 2001 година и годината потоа, односно во 2002 година. Тогаш, секој седми граѓанин на Македонија живеел од социјална помош. Односно, во 2002 година имало 82.670 семејства кои живееле од социјална помош, а кои имале 288.994 членови.
Социјалците живеат со по околу 40 денари на ден. За пет години социјалната помош е зголемена за 5 денари на ден - за еден член во четиричлено семсјтво!
Според податоците од Министерството за труд и социјална политика, во 2009 година, висината на социјалната помош за четиричлено семејство изнесувала 4.600 денари. Или во месецот еден член во четиричлено семејство на располагање имал по 38 денари, а податокот е дел од Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјална исклученост 2010-2020.
Додека, во 2014 година висината на социјалната парична помош за четиричлено семејство изнесува 5.173 денари. Или, во месецот еден член во четиричлено семејство на располагање имал по 43 денари.
Од овие бројки произлегува дека за пет години, односно од 2009 година до 2014 година висината на социјалната парична помош по член во четиричлено семејство е зголемена за 5 денари на ден.
Или, секој член од едно четиричлено семејство во 2014 година имал на располагање 150 денари месечно повеќе отколку што имал во 2009 година.

Слично