Армаколас не е оптимист: Не се работи само за името туку за цел спектар на прашања
Грчкиот професор и аналичарм Јанис Армаколас не е оптимист дека до самитот на НАТО ќе се најде решение за името.
Не се работи само за името туку за цел спектар на прашања, кој расте и се надополнува последниве 25 години, смета Армаколас. Дополнителен проблем е моментот во кој се одвива преговарачкиот процес затоа што македонската е на почетокот на мандатот, а грчката Влада е во заминување, вели аналитичарот. Негова проценка е дека во грчкиот парламент нема мнозинство кое би гласало за евентуалниот догвор за името.
„Владата ќе се обиде со еден удар да убие две муви – и да го реши спорот и да ја победи опозицијата“- рече Армаколас.
Грците имаа голем емотивен отпор кон решавање на спорот, бидејќи веруваат дека Скопје сака да преземе од нивната античка историја, а некој треба да ги разубеди во тоа, вели аналитичарот.
Јавна дебата посветена на спорот меѓу Македонија и Грција околу името насловена „Каде е јазот: Името ли е или непознавањето едни со други?“ се одржa денеска во Скопје.
