Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРМ ќе прими нови 250 војници

АРМ ќе прими нови 250 војници

По денешната посета и извршен увид на третата фаза од проверката во процесот на селекција на кандидатите за професионални војници во АРМ министерот Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески соопштија дека во текот на оваа година ќе бидат примени 250 професионални војници во АРМ.

Од вкупно пријавени 1007 кандидати во првиот циклус во месец февруари ќе бидат примени 125 војници.

-Сега ги почнуваме првите три фази од проверката на идните професионални војници во АРМ и тоа прво психолошки тест, потоа општо-образовниот тест и третиот е проверката на физичката подготвеност. Сите кандидати кои ќе ги поминат овие фази одат на лекарски преглед, по што почнува фазата за пливање на 50 метри и последната, најзначајна фаза е селективниот курс што трае 24 дена, појасни министерот Јолевски.

Тој истакна дека по завршувањето на овие 6 фази ќе се изберат најдобрите 125 професионални војници кои ќе бидат примени во АРМ и ќе почне шестмесечна и одредена нивна специјалистичка обука.

Одговарајќи на новинарско прашање министерот за одбрана Јолевски потенцира дека безбедносните органи во Република Македонија внимателно ја следат безбедносната ситуација како во регионот, така и пошироко.

Слично

Поврзани вести