Економија, финансии, бизнис

Контакт

АРМ ЧЕСТВУВА 24 ГОДИНИ: Ордени за воени заслуги од Иванов

АРМ ЧЕСТВУВА 24 ГОДИНИ: Ордени за воени заслуги од Иванов

24 години од формирањето на Армијата на Репбулика Македонија.

18 август се слави како ден на АРМ а свеченоста по повод одбележувањето се одржа на платото пред Министерството за одбрана на Република Македонија и Генералштабот на АРМ .

Претседателот Горѓе Иванов ги одликува со Орден за воени заслуги Баталјонот на воената полиција и Инженерискиот баталјон при Армијата на Република Македонија. Орденот за воени заслуги на двата баталјони на Армијата на Република Македонија им се доделува за исклучителен придонес и поддршка во зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за зацврстувањето на националната безбедност и сигурност на македонските граѓани, особено во справувањето со бегалската криза како глобален безбедносен предизвик.

Слично

Поврзани вести