Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арифи до Вучиќ: Ниту еден метар косовска земја нема да се врати на Србија

Арифи до Вучиќ: Ниту еден метар косовска земја нема да се врати на Србија

Авни Арифи, шефот на преговарачкиот тим на Косово во дијалогот меѓу Приштина и Белград, истакна територијалниот интегритет и суверенитет на Косово не можат да се повредат од никого и во никој случај.

Тој на својот Фејсбук профил напиша: „Ниту метар косовска земја за ниедна цена. Непријатно е замрзнувањето на конфликтот. Непријатни се несигурноста и постоечката ситуација. Но, ништо нема да предизвика губење на ниту метар од Косово. Суверенитетот и територијата на Косово се неповредливи од никого  по никоја цена. Ниту сега ниту било кога“.

Неговата реакција следи по изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека за успешен резултат во преговорите ќе се смета ако „макар и еден метар од Косово“ се врати на Србија.

Слично

Поврзани вести