Архитектите го чекаат Груевски да се изјасни, протестите против барокно ГТЦ продолжуваат
Архитектите сеуште не добија одговор на писмото упатено до премиерот Никола Груевски, во кое го повикуваат на дијалог за промената на изгледот на Градскиот трговски центар. Но тоа не ги запре архитектите и понатаму да укажуваат на потребата од задржување на афтентичниот лика на ГТЦ. Активностите спас на ГТЦ од како што велат барокизацијата ќе продолжат и понатаму. Вчера во паркот “Жена борец” беше одржана јавна трибина –форум, на која за важноста и значењето на ГТЦ и воопшто на градската рахитектура говореа познати архитекти, режисери, уметници, актери, доктори, писатели.
- Скопје има два најстрашни и најцрни датуми, а тоа е земјотресот во 1963 година и денот кога христијанските верници ја нападнаа првата архитектонска бригада. Ние не сме група што е против, ние сме за модерно и урбано Скопје. Борбата за ГТЦ е борба против барокот, борба за Скопје, а борбата за Скопје е борба за Македонија, изјави на вчерашната трибина Александар Поповски, режисер.
Од Асоцијацијата на архитектите велат дека идејата е форумот да трае и да се одржува секој четврток.
-Серијата настани под мотото го сакам ГТЦ, реакција на проектот за нова фасада и доградба на ГТЦ, со што целосно би се уништила архитектурата на објектот, како и неговата урбанистичка улога на улица низ централното градско јадро продолжува. 70% од објектот на ГТЦ е јавен простор. Тој, архитектонски, претставува „реплика“ на агора/форум, која ги канализира и физички ги опслужува општествените потреби на граѓаните на Скопје во последните четири децении. Во таа смисла, ГТЦ Форум претставува надоврзување на основната функција на овој објект како јавен простор, велат од ААМ
И на овој форум се собираа поптиси за петицијата за зачувување на ГТЦ во неговата автентична физичка состојба, се пишуваа пораки идеи и препораки до архитектите на новата фасада на ГТЦ, се оставаа мислења за за самиот ГТЦ: „Зошто го сакам ГТЦ?“ и друго.
На форумот се отвори дискусија и ДУП Централно градско подрачје на град Скопје, Мал Ринг, и за неговите измени и дополнувања што се направија во декември минатата година.
Архитектите речиси еден месец преку најразлични активности, од симболично гушкање на ГТЦ, собирање потписи, форуми, да им укажат на надлежнитеинституциид не го менуваат ликот на овој култен објект. Но засега немаат добиено никаков повратен одговор. Од раководството на ЖГТЦ за Фактор пред извесен период изјавија дека тие веќе ќе почнат со распишување на јавен оглас, за изработка на главен проект.
Првиот оглас за избор на идејно решение за фасадно обликување и доградба на ГТЦ се објави минатото лето, Од тогаш до последниот избор се поништуваа неколку тендери, поради технички грешки. Победничкото решение на последниот тендер е на Жарко Чаушевки и предвидува во идниот изглед на ГТЦ да има неокласицистичка фасада во стилот на „Скопје 2014“, три куполи, десетици антички столбови и тераса со бројни скулптури на последниот кат од објектот.
Ј.С
Слично
