Економија, финансии, бизнис

Контакт

Архитекти во мисија: премиерот Груевски и претседателот Иванов да го „гушнат“ ГТЦ!

Архитекти во мисија: премиерот Груевски и претседателот Иванов да го „гушнат“ ГТЦ!
Архитектите не се предаваат од битката за Градскиот трговски центар. По мирниот протест минатата недела, од Асоцијацијата на архитекти веќе испратиле барање за прием до премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов и до сите други надлежни институции. Доколку добијат одобрение за прием, на средбата со премиерот и претседателот архитектите планираат да образложат зошто е важно да не се менува фасадата на ГТЦ. Засега како што велат од ААМ, сеуште немаат добиено потврда. Но, битката не застанува тука. Архитектите ќе продолжат и во следните денови да организираат слични настани како минатиот петок. Така во следниот период е планирано еднаш неделно да се организираат мирни протести пред ГТЦ, проследени со различни проекции и говори на познати професори и архитекти. Паралелно со тоа, секојдневно продолжува и потпишувањето на петицијата за зачување на автентичноста на изгледот на ГТЦ, секој ден од 10 до 20 часот. Досега како што велат од ААМ се собрани повеќе 4.000 гласови. Од  ААМ најавија дека ќе побараат од Министерството за транспорт и врски и Комората на архитекти на Македонија и одземање на лиценцата на авторите на идејното решение. -Мислам дека сите овие активности ќе дадат ефект во смисол на формирање и преиспитување на јавната свест, можеби ставање прст на чело на некои кој до сега се двоумел, па ќе размисли повторно. Можеби како архитекти полесно ќе се чувствуваме затоа што ќе знаеме дека сме се обиделе. И со чист образ ќе продолжиме да ги воспитуваме нашите деца и идните генерации на вистински уметнички, естетски и културни вредности.“ На епохата нејзината уметност, на уметноста нејзината слобода“.За жал не верувам дека власта ќе има слух, бидејќи да имаше немаше ова да му го направи на градот, изјави во интервјуто за Фактор, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ од Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Минатиот петок илјадници граѓани застанаа во одбрана на ГТЦ и му кажаа НЕ на барокот. Под мотото „Го сакам ГТЦ“ многу  граѓани, архитекти, интелектуалци минатата недела, држејќи се за раце во вид на жив штит, симболично го гушнаа објектот и со потпишување на петицијата дадоа поддршка за зачувување на ГТЦ од секакво обезличување. Дел од архитектите и присутните граѓани изнесоа свои ставови за тоа зошто овој објект не треба да биде со барокна фасада. И додека архтектите се подготвени да одат до крај со битката за ГТЦ, раководството на ГТЦ уште пред да почнат протестите на ААМ, највија дека веќе се подготува втората фаза, односно изработка на основен проект. Од раководството на ГТЦ велат дека тие го спроведуваат тоа што е избрано. -Следен чекор е изработка на главен проект, за што ќе се распише јавен оглас и ќе се склучи договор со тој што ќе достави најповолна понуда за изработка. Не можам точно да кажам кога ќе биде тоа. Ние како компанија ќе гледаме тоа да биде економичен проект, за што ГТЦ има планирано буџет и ќе се држиме во рамките на тие пари, изјави неодамна во интервју за Фактор, директорот на ГТЦ, Аго Абазовски. Автор на победничкото идејно решени е Жарко Чаушевски. Според неговиот проект, фасадата која ќе гледа кон Собранието, добива десетици антички столбови, а на кровот ќе има голема тераса со бројни скулптури. И другите страни на објектот добиваат соодветни украси, со бронзени или елементи со златно-жолта боја.Засега е незивесно дали сите овие активности од стручната фела, потписите и реакциите од граѓаните,  ќе ја променат одлуката за менување на изгледот на ГТЦ и објектот ќе го задржи автентичниот изглед. Ј.С
Слично

Поврзани вести