Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арчелор Митал го модернизира производството

Арчелор Митал го модернизира производството
АрчелорМитал Скопје во четврток во капацитетите на фабриката , во Железара, ќе ја претстави најновата инвестиција во вредност од 3,5 милиони евра – нова постројка за поцинкување. „Со инвестицијата е реконструирана и целосно автоматизирана линијата за поцинкување, која ќе придонесе за зголемување на производството и на квалитетот на нашиот производ. Исто така, оваа инвестиција претставува и ја демонстрира нашата заложба за заштита на животната средина преку намалување на емисиите во амбиенталниот воздух. Ова е уште еден чекор на патот за добивање квалитетен и еколошки производ во нашата индустрија“, изјави неодамна Хуан Педро Хименез Наваро, главен извршен директор на Арчелор Митал-Скопје. Оваа компанија, која со години е присутна во Македонија  е една од најголемите произведувачи на челик во светот.
Слично

Поврзани вести