Економија, финансии, бизнис

Контакт

“Арцелормиттал Скопје ” доби дозвола за јавна понуда на акции вредни близу 70 милиони евра

“Арцелормиттал Скопје ” доби дозвола за јавна понуда на акции вредни близу 70 милиони евра
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 53-тата седница, на "Арцелормиттал Скопје " (ЦРМ) АД Скопје му ја одобри втората емисија на акции по пат на јавна понуда. Станува збор за 13.630.537 обични акции со вкупна продажна вредност на емисијата од 69.826.533 евра. При запишувањето на акциите и нивната распределба ќе се применува моделот на фиксна цена со примена на принципот на приоритет на поголема количина и порано време на внес на налогот во БЕСТ системот. Постапката на запишување на акциите ќе се врши преку Македонската берза АД Скопје. Втората емисија на акции на "Арцелормиттал Скопје" (ЦРМ) АД Скопје се врши по пат на јавна понуда со цел зголемување на основниот капитал на друштвото и обезбедување на парични средства за враќање на веќе земен кредит.
Слично

Поврзани вести