Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арапските земји го финансираат Косово

Арапските земји го финансираат Косово
Повеќе од 30 милиони евра изминативе шест месеци влегле на Косово од Арапските земји. Повикувајќи се на податоците од депозитите на овие средства во косовската централна банка, објавува косовскиот весник „Зери“. Во денешното издание весникот пишува дека засега се знае само од кои држави се праќаат парите, но не и лицата кои тоа го прават, односно кој ги зема парите.
Според објавата, околу 25 милиони евра се пристигнати од Обединетите Арапски Емирати, потоа од Кувајт 2, 7 милиони евра, Катар 900 илјади и 600 илјади евра од Саудиска Арабија.
Слично

Поврзани вести