Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арапите воведоа ДДВ - Евтината нафта ги испразни буџетите

Арапите воведоа ДДВ - Евтината нафта ги испразни буџетите

Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија воведоа Данок на додадена вредност на повеќе добра, производи и услуги во висина од 5% со цел да ги балансираат големите буџетски дефицити кои се резултат на рекордно ниските цени на нафтата.

Арапските кралства кои речиси целосно својата економија ја базираа на извоз на нафта и се гордееја како земји со минимални или речиси никакви даноци сега ќе мора да го воведат ДДВ-то за државните каси да имаат приливи на средства и да ја одржат јавната потрошувачка.

ОАЕ и Саудиска Арабија вкупно се очекува годинава да генерираат до 21 милијарда долари од собраните давачки преку ДДВ што е речиси 2% од БДП. Инаку, ДДВ во ОАЕ и Саудиска Арабија нема да се наплаќа за основна здравствена грижа, државно образование и авионски сообраќај.

Слично

Поврзани вести