Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арапите преку домашни посредници ја „купуваат“ БиХ?

Арапите преку домашни посредници ја „купуваат“ БиХ?

Арапите со помош на домашни посредници и понатаму  купуваат земјиште во Босна и Херцеговина. 

Тие се заинтересирани за имоти во главниот град Сараево и околината.

Најмногу купуваат напуштено обработливо земјиште на Срби и Хрвати на подрачјето на Посавина, пишува загрепски Вечерњи лист во издание за БиХ.

Парите од Саудиска Арабија, доаѓаат преку невладините организации, фондации и фондови, додека работите ги вршат локалните претставници, пишуваат медиумите. 

Според достапните информации, на подрачјето на познатиот католички центар Плехана, инвеститори од Зеница се обиделе да купат земјиште за да изградат големи пчеларници, но поради интервенцијата на локалното свештенство, тоа не се случило. 

За некои хрватски семејства се пишува и дека имале притисок за да ги продадат имотите. 

Според наводите на соговорниците на весникот, кампањата за продажба на земјиштето моментно е запрена, а и локалната српска власт е загрижена, па смислува начини како да ја спречат продажбата на земјиштето.

Истите извори наведуваат дека посредници на подрачјето на Модриќа се обиделе да дојдат до евтина земја на раселени Хрвати.

Дел од медиумите целиот овој процес го нарекоа и „етничко чистење“. 

Слично

Поврзани вести