Арапите ја „убија“ секоја надеж, нафтата повторно паѓа!
Цените на нафтата повторно се во пад после краткотрајното вчерашно опоравување, после вестите за падот на американските залихи.
Цените паднале бидејќи водечката членка на ОПЕК, Саудиска Арабија, ја „уби“ секоја надеж за намалување на производството.
Американската „лесна“ нафта WTI за испорака во април паднала за четири центи на 32,11 долари додека сировата нафта „брент“ за априлските испораки се лизна за три центи на 34,38 долари за барел. Двата вида на нафта во текот на денот ги намалија загубите забележани во утринското тргување.
Цените претходниот ден благо се опоравија бидејќи трговците го занемариле растот на американските залихи на сирова нафта, давајќи и предност на информацијата за пад на залихите на нафтените деривати, како што е бензинот.
Меѓутоа, набрзо стравувањата поради пренатрупаните пазар повторно избија во прв план, бидејќи надежите во договор на водечките светски произведувачи за ограничување на произвдоството на „црното злато“ не се исполни.
Цените на оваа сировина почнаа да се опоравуваат, одлепувајќи се краткотрајно од речиси 13-годишниот минимум на кој паднаа овој месец, откако водечките произведували, Саудиска Арабија и Русија, неодамна предложија замрзнување на производството под услов и други нафташи да го следат овој пример.
