Aрапи ќе градат илјадници станови во Албанија
Aрапите ќе градат илјадници станови во соседна Албанија.
Албанскиот премиер Еди Рама, престојува во посета на Обеднетите Арапски Емирати (ОАЕ) и ја соопшти веста.
Премиерот додава дека набрзо ќе почне голема инвестиција за трансформација на пристаништето Драч, кое е „едно од најубавите и најголемите пристаништа на Средоземјето”.
Тој објави фотографии од средбата со министерот за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула Бин Зајед Ал Нахјан, додавајќи дека во фокусот на дискусиите била и економската соработка.
Во регионот, претходно Арапите купуваа имоти во БиХ.
Слично
