Арапи и Руси купуваат имоти во Сараево
Се повеќе странци пројавуваат интерес за пазарот за недвижности во БиХ, каде најголем број станови и куќи, како и плацеви купуваат граѓаните од Саудиска Арабија и Русија, објави „Дневни аваз“.
Сопствениците на агенции за недвижен имот наведуваат дека за Арапите најпривлечно е Сараево, каде купуваат градежно земјиште каде градат бизнис згради. Плацови во Сараево најчесто купуваат државјани на Сирија, на Јордан, на Кувајт, кои се интересираат и за луксузни апартмани.
Странците голем интерес за недвижен имот пројавуваат и во Високо, градот што се претвора во туристички центар поради пирамидите.
Весникот наведува дека Русите воглавно купуваат имот во Требиње, Република Српска без да прашуваат за цена. Русите избираат места околу границата со Црна Гора и со Хрватска
