Економија, финансии, бизнис

Контакт

Арамии, луксуз, измеќари, проекти, развој – Буџетот за 2014 на отстрел!

Арамии, луксуз, измеќари, проекти, развој – Буџетот за 2014 на отстрел!
Зошто ни е потребно “Панорамско тркало“ – за граѓаните да дишат чист воздуг кога ќе бидат на врвот од тркалото? Колку е вкупниот долг на државата, колку должи Владата во моментов на приватниот сектор? – опозицијата бара одговор каде, за што и како ќе се троши досега најиздашниот Буџет за догодина од скоро 2,9 милијарди евра. Пратениците од опозициската ДПА обвинија дека ДУИ по десетти пат ќе гласа антиалбански буџет што предизвикува егзодус. Миниситерот за финансии Зоран Ставрески тврди – нема да има промени во даночната политика, капиталните инвестиции ќе бидат на највисоко ниво а стандардот на граѓаните ќе се подобрува. Ставрески и Макрадули се свртеа на “Панорамското тркало“! Политиката на намалување на даноци, што ја почнавме во 2006 та година ќе продолжи. Даночната евазија е намалена, капиталните инвестиции догодина ќе бидата на највисоко ниво досега – оцени министерот за финансии Зоран Ставрески. “Нема нови зафаќања, напротив, со пониски даноци успеваме да обезбедиме повеќе средства во Буџетот кои, пак, ги насочуваме во продуктивни проекти, патишта, болници, но, и во проекти што можат да ја подигнат македонската економија во услови на криза. Во тој дел, и натаму ќе настојуваме со реализирање вакви проекти да го подобриме животот на граѓаните“ – изјави министерот. Опозицијата возврати дека и годинава им е ускратено превото на дебата, овој пат не, како што велат со употреба на физичка сила – туку деловнички. Пратеникот Јани Макрадули од СДСМ праша : “Колку изнесува Јавниот долг на државата, колку се должи на компаниите во овој момент, колку брои јавната администрација или колку Македонија ја чината роуд-шоута. Колку чини театорот, кој е типична силика за оваа Влада. Сеуште се гради, има вода под објектот и тече од сите страни, а вредноста до сега што ја знаеме е 40 милиони евра. Колку чинат спомениците а колку чини кршењето на спомениците? Е тоа е сликата, распад, политички договор и корупција. “ – рече Макрадули и додаде : “Ајде да зборуваме за проектите. Но за жал, поради диктаторскиот и тоталитарен  договор нас не ни беше дозволено да зборуваме и да си ги браниме амандманите за неколку проекти. Еве дел од нашите предлози, на пример за Панорамското тркало за кое ќе се потрошат 12 милиони евра, градоначалникот на Скопје поднесува барање на субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие од 50 милиони денари, односно на претпријатие што е во минус да му даде субвенција а тоа во исто време да го гради Панорамското Тркало. Мислам дека е подобро наместо Панорамското тркало да се изгради основно училише во Центар, градинката во Аеродром, да се реконструира средното училиште во Ѓорче Петров и да се изгради инфраструктурата во економската зона Визбегово. Во наше време се гради – што се случуваше во вашето време, возврати министерот Ставрески. “Инвеститорите не доаѓаа во ваше време, не споменувајте работи што не ви одат во прилог, довербата кај инвеститорите ја вративме. Вие не споменувате дека во мандатот на оваа Влада, освен проектот Скопје 2014 та има преку 50 милиони евра инвестиција во патничкиот Коридор 10, не споменавте дека има инвестиција за набавка на медицинска опрема од 2 милијарди денари, не спомнувате дека има инвестиција за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи од 1,7 милијарди денари, не споменавте дека се изградија рурални амбуланти и ПЕТ центарот, има инвестиции и во спортски објекти. Ова е време кога се гради во сите сектори а имаше друго време во кое не се градеше Скопје 2014 та но за жал не се градеше ниту други работи. “ – рече министерот. Пратеникот Макрадули остана на ставот дека нема оправданост за трошењето на буџетските пари за одредени проекти. “Кажете ми кој е ќарот на граѓаните од Панорамското тркало што треба да го гради фирма во загуба. Тој најгоре што ќе се сврти ќе дише чист воздух.“ – рече Макрадули. Арамилук и буџетски егзодус? Пратениците од албанскиот опозициски блок не отстапуваат – Буџетот за 2014 та година е штетен и предизвикува раздор. Фазлиу Беким , пратеник од ДПА оцени: “Денеска зборуваме за шестиот буџет на владата на ВМРО ДПМНЕ – ДУИ и десеттиот буџет на ДУИ, односно четири буџети правеше со СДСМ и сите овие буџети имаат едно нешто заедничко а тоа се буџети што дискриминираат и ги крадат албанците.  Кои се тие што ги ограбуваат албанците? Арамиите што ги ограбуваат се пратениците и министрите на ДУИ кои 6 години по ред гласаат антиалбански буџет а со тоа го газат трудот и потта на албанците. ’ – изјави Фазлиу и додаде : “Невработенста останува гангрена, особено за младите а тие се фалат со луксузот што ги опкружува и воопшто не се срамат. Со овој буџет ни се гаратира натамошно осиромашување на албанците, пораст на невработеноста , пораст на егзодусот на албанците, пораст на дупките по улиците, зголемување на темнината, зголемување на жедта за вода – се ова ни се предлага со овој Буџет. “ – смета пратеникот од ДПА. Опозицијата се сомнева дека дека власта и до година ќе успее да ги оствари буџетските прокеции. “За да зборуваме за Буџетот за 2014 та и од она што беше понудено како резиме и предлог од Министерството за финансии можеме да заклучиме дека и оваа година, како и претходните години, од како е оваа партија на власт и оваа коалиција, секоја година имаме зголемување и на приходите и на расходите. Не знам како власта, кога знае дека она што го зацрта како приход за годинава сеуште го нема остварено, а верувам дека нема ни да го остварат, за следната 2014 та година кажуваат и програмираат дека ќе остварат повеќе приходи. А од каде ќе ги остварт кога ништо немаат инвестирано во она што треба да го полни буџетот“ – праша пратеникот Стојко Пауноски. Земјоделски лидери или измеќари? Субвенциите ги судрија пратениците Станковиќ и Николовска. “Во буџетот за 2014 та година планираат наводно 140 милиони евра  за субвенции, велам наводно, зошто како што стојат работите тие немаат планирано ниту едно евро за земјоделците. Имено со овие пари тие ќе ја исплаќаат 2013 та година и дел од 2012 та година. Според наши проценки оваа Влада на земјоделците им скрати вкупно 180 милиони евра и ова е историски најголемо доцнење на исплатата на земјоделците.“ – рече пратеничката Ленче Николовска. И возврати пратеникот Малиша Станковиќ од Социјалистичката Партија: “Никогаш ние не ги нарекуваме земјоделците измеќари, вие ги нарековте нивните лидери измеќари. Велите дека 180 милиони евра се должат а воедно кажувате дека пред секои избори сме ги исплаќале субвенциите, па ако сме ги исплаќале како по вашата логика сега должиме? Ви се молам да им се извините на земјоделците “ – побара пратеникот од својата колешка. Николовска одговори : “Колега Малиша им се извинувам на земјоделците што ги оставив во рацете на измеќарите, односно така наречените лидери. Ова е тутун од втора класа, знаат земјоделците што зборувам а вие само смејте се, цената му е 185 денари а им ги ценат како четврта класа – 50 денари, тоа е жално и за плачање“ – рече Николовска. И другите опозициски партии оценија дека структурата на Буџетот за 2014 та не е добра, а дека проекциите се премногу оптимистички. А.Д.
Слично

Поврзани вести