Арачиновец сакал да подигне кредит со лична карта од брат му
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Б.(39) од Арачиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност".
- На 09.12.2022 пријавениот ја употребил личната карта на брат му и се обидел да доведе во заблуда вработен во финансиско друштво и на тој начин да подигне кредит во негово име, објави МВР.
Лицето не успеало во намерата и по преземени мерки му е поднесена пријавата.
Слично
