„Аптив“ се подготвува да го напушти производството во Македонија
Американската компанија „Аптив“ се подготвува да го напушти произвдството во Македнија и се очекува да ја затворат својата фабрика најдоцна до крајот на следната година.
Според неофицијални информации, „Аптив“ од август досега, го намалила бројот на вработени за околу триесет отсто.
„За таа цел Аптив ќе го консолидира производството на своите компоненти за напредна безбедност и корисничко искуство во Европа што ќе резултира со затворање на нашата локација во Скопје. Имаме сеопфатен план за поддршка на нашите вработени во Скопје во текот на оваа транзиција усогласена со локалните закони и прописи за труд. Се очекува имплементацијата да биде завршена до четвртиот квартал 2026 година“,одговориле од АПТИВ за Телма.
Од Технолошко-индустриските развојни зони потврдиле оти добиле информации од менаџментот на „Аптив“ дека се водат преговори со други мултинационални компании за еневтуално преземање или продажба на нивниот бизнис во земјава.
