Аптеките ги почитуваат новите цени на лековите
Системот со нови цени се почитува во сите контролирани аптеки, заклучуваат од Бирото за лекови, чии претставници денеска извршија надзор во поголем број аптеки низ државата. Од 160 аптеки кои биле посетени, инспекторите констатирале дека во компјутерскиот систем на аптеките се ставени новите цени на лекови и оти тие функционираат.
Како што информираат од Министерството за здравство, контроли денеска биле направени во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Велес, Свети Николе и Штип, а во наредните денови се планираат и вонредни инспекциски надзори и во останатите градови низ државата.
Слично
