Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПСЕЊЕ НА БАНДИЌ: Се подготвуваат ли вонредни избори во Загреб?

АПСЕЊЕ НА БАНДИЌ: Се подготвуваат ли вонредни избори во Загреб?
Политичките противници на градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ задоволно тријат раце на информациите за неговото апсење, пишува хрватскиот портал Индекс. Граѓаните на главниот град на Хрватска наскоро би можеле повторно, по втор пат во две години, да избираат градоначалник. Според неофицијалните информации, Бандиќ е осомничен за многу сериозни кривични дела. Под истрага се средствата кои ги трошел во претседателската кампања, управувањето со градското земјиште, измените во Генералниот урбанистички план, управувањето со отпадот, јавните набавки, вработувањата... Додека трае истрагата, со Градот Загреб ќе управува неговата заменичка Сандра Шваљек. „Во овој момент најважно е градот да функционира. Нема никаква причина за загриженост. Се ќе функционира нормално: отпадот ќе се одвезува, трамвајот ќе продолжи да вози“, вели таа. Првиот човек на градската Канцеларија за финансии Славко Којиќ уверува дека нема да има никакви проблеми ниту во функционирањето на финансиите на Загреб. Со градоначалникот се приведени уште 18-тина лица, чии имиња официјално не се соопштени. Од утрово, Бандиќ ги придружува инспекторите кои прават претрес во неговата кацеларија во Градската управа. Претресот во неговиот дом во текот на ноќта траел цели седум часа. (ВИДЕО) Полицијата седум часа го претресуваше станот на Бандиќ, што пронајде?    
Слично

Поврзани вести