Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апсења во Истанбул - приведени и странци

Апсења во Истанбул - приведени и странци

Апсења има во Истанбул, и се трага по напаѓачот кој изврши масакр во клуб за Нова година. 

Турските власти денеска на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул приведоа двајца странски државјани, под сомнеж за поврзаност со нападот во истанбулскиот ноќен клуб за време на новогодишната ноќ, кога беа убиени 39 лица, а 69 беа ранети. Странците сакале да побегнат од земјата. Обрачот околу убиецот се стега. 

Двете лица се приведени на влезот во меѓународниот аеродром и однесени во седиштето на полицијата во Истанбул.

Одоворност за нападот презеде групата „Исламска држава“. 

Напаѓачот на клубот „Реина" е 28-годишниот Ахе Машрапов од Киргистан. 

Медиумите тврдат дека мажот влегол во Турција во ноември 2016 година, заедно со својата жена и дете. Тројцата биле пред тоа во Сирија.

Слично

Поврзани вести