Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПСЕЊЕ ВО ТУРЦИЈА: 33 лица сакале да преминат во „Исламска држава“

АПСЕЊЕ ВО ТУРЦИЈА: 33 лица сакале да преминат во „Исламска држава“

Полицијата во Турција привела група странски државјани, кои имале за цел да навлезат во турско-сириската граница на територија, контролирана од „Исламска држава“, соопшти „Hurriyet Daily News“.

Акцијата била голема, спроведена е со сили на полицијата и армијата, учествувале и хеликоптери.

Нападнати биле 10 куќи во јужната турска провинција Адана. Силите за безбедност добиле информации дека се подготвуваат големи преминувања на границата од цивили кои ќе им се приклучат на терористите и тоа ја предизвикало операцијата.

Наводно, странските државјани ќе поминат на лекарски прегледи, по што ќе бидат екстрадирани во земјите од кои пристигнале.

Слично

Поврзани вести