Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апсења во Турција, приведени десетици луѓе

Апсења во Турција, приведени десетици луѓе
Во Адана се приведени најмалку 36 осомничени членови на ПКК, а во Истанбул  15, пренесуваат турските медиуми. Лицата се под сомнение дека се борци на Курдската работничка партија. Операцијата во Истанбул е насочена кон младинската структура на ПКК – Револуционерно патриотско младинско движење. Претреси се направени на 25 места, а меѓу приведените лица 9 се под 18 години. Претходно во округот Ескишехир, западна Турција во операција против ПКК приведени се 12 лица. Во нападот во Анкара вчера загинаа најмалку 37 лица, а над 120 се повредени. Се смета дека двајца напаѓачи, маж и жена го извршиле нападот. Идентитетот на осомничената жена-самоубиец е утврден синоќа. Автомобилот-бомба е украден на 10 јануари во округот  Шанлаурфа,  јужна Турција.  
Слично

Поврзани вести