Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПСЕЊА ВО ХРВАТСКА: Со продажба на злато „испрале“ повеќе од 84 милиони евра

АПСЕЊА ВО ХРВАТСКА: Со продажба на злато „испрале“ повеќе од 84 милиони евра

Организатори на групата која, кои според сомневањата на хрватската Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (Ускок), со  фиктивна продажба на злато испрале повеќе од 84 милиони евра, се таткото и синот Анте и Лука Гале.

На нив со уште 11 осомничени во тој случај во петокот вечерта во загребскиот суд им е одреден еденомесечен истражен затвор, пренесоа хрватските медиуми.

Меѓу 13 осомничени на кои им е одреден истражен затворе се и избеганите Антониа и Пејо Ивич за чии имиња јавноста дознала оваа недела по кражбата на два килограми злато и 280 000  евра од седиштето на загребската криминалистичка полиција.

Повеќето осомничени во текот на истрагата зад решетки ќе бидат поради опасност од влијание на сведоци и на повторување на делото, додека за Ивич истражниот затвор е одреден и поради бегство.

 На главниот осомничен му е одбиена кауцијата, а одбраната најавила жалби.

Организаторите на групата, според соопштенијата на хрватските медиуми , од мај 2014 во Хрватска и Италија ги поврзале останатите како би дошле до незаконска добивка со „бизнис меѓу повеќе друштва и внесување на пари остварени со казнено дел во легални финансиски текови“.

Обвинителството се сомнева дека осомничените основале фирми само за да наплаќаат сметки на претпријатија од Италија, за стока која не им ја испорачале.

Слично

Поврзани вести