Апсења ширум Србија поради криминал со нафта
Полицијата во Ниш утринава уапси девет лица поради повеќе кривични дела поврзани со трговијата со нафта и нафтени деривати, пренесуваат српските медиуми.
До сега се уапсени девет лица во Шид, Ниш, Парачин, белград, Обреновац и во околината на Лесковац и Свилајница.
Како што се соопштува, акцијата се одвива на целата територија на Србија, а уапсените се сомничат за извршување кривични дела преку злоупотреба на службената положба, затајување на данок и фалсификување на службени документи.
Преку овие кривични дела тие се стекнале со имотна корист од околу седум милиони евра. Во текот на денот, српската полиција ќе излезе со детали за ова апсенје, пренесуваат хрватските медиуми.
Слично
