Економија, финансии, бизнис

Контакт

Април донесе пад во градежништвото, одобренијата за градење намалени за 38 проценти

Април донесе пад во градежништвото, одобренијата за градење намалени за 38 проценти

Во април годинава издадени се 291 одобрение за градење, што е за 38 проценти помалку во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Најмногу одбренија за градење, 83,  издадени се во Полошкиот регион, по што следуваат Скопскиот, 72, Југозападниот, 32, Источниот, 28, Југоисточниот, 26, Пелагонискиот, 24, Североисточниот, 3.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува             4. 577. 429. 000 денари, за 41.8  проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 (71.5 проценти) наменети се за објекти од високоградба, 27 (9.3 проценти) од нискоградба и 56 (19.2 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 291 објект, на  197 (67.7 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 94 (32.3 проценти) инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 722 станови со вкупна корисна површина од  65 663 метри квадратни. Во Скопскиот регион 261, во Југозападниот 154, Вардарски Регион, 138, Полошки Регион, 107, Источен Регион, 39, Пелагониски, 11.

Слично

Поврзани вести