Apple за прв пат под казна му ја намали платата на директорот Тим Кук
Тим Кук кој неколку години по ред беше еден од најуспешните директори во САД со постојан раст на профитот на компанијата, а со тоа и еден од најбогатите, за прв пат по долго време е казнет од Apple поради намалената продажба на iPhone, iPad и останатите производи.
На Тим Кук платата му е намалена за околу 2 милиони долари. Исто така повеќе директори на Apple ќе земат помали плати со скратени бонуси бидејќи компанијата оствари за 3.7% помал приход од планираното, односно за фискалната 2016-та има 215.6 милијарди долари. Приходот од iPhone 7 изнесува 60 милијарди долари или за речиси 1% помалку од предвиденото.
Тим Кук иако е извршен директор на Apple нема најголема плата, но затоа пак има поголем број на вредни акции и останати бонуси кои ги носи самата функција.
