Економија, финансии, бизнис

Контакт

Apple не е виновен

Apple не е виновен
Американскиот технолошки концерн Apple ја одби брзо тужбата против него од страна на корисниците на iPod, кои тврдат дека надградбите на софтверот на уредот имале задача да ги блокираат конкурентите на уредот. Судот донесе одлука во корист на компанијата само по три часа дискусии.

Според поротниците, промените во софтверот на iTunes биле поврзани со подобрувањата, а не биле обид за поткопување на конкурентските фирми. Пресудата во случајот беше донесена по само две недели во федералниот суд, во рамките на кои беа разгледани пораки на коосновачот на Apple Стив Џеб и видео индикации кои тој ги дава шест месеци пред да почине од рак.

Иако продажбата на iPod опадна значително по дебито на iPhone во 2007 година, iTunes носи околу една десетина од приходите на компанијата за фискалната 2014 година.

Во рамките на случајот Apple изјави дека ажурирањата кои ја подобрија безбедноста и дејствувале против хакерски напади, биле во процес на развој две години пред ривалот RealNetworks Inc. да почне да продава дигитална музика.

Обвинувањата кон Apple се дека ги насочил напорите против клиентите на iPod, кои купувале музика од RealNetworks.

Тужителите не успеаја да докажат дека имало дури еден корисник на уредот, кој претрпел некакви последици или му е нанесена некаква штета како резултат на промените на софтверот, изјави адвокатот на Apple Бил Ајзексн.

"Ние ги направивме iPod и iTunes, за да им дадеме на нашите клиенти најдобра можност за слушање на музика во светот", истакнуваат од компанијата од Купертино, Калифорнија. "Секој пат, кога сме ги ажурирале овие производи, како и секој друг производ на Apple во текот на годините, сме го правеле тоа за да го направиме искуството на корисниците уште подобро". К.К.
Слично

Поврзани вести