Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПМ ја реафирмира идејата за избор на претседател на државата во Собранието

АПМ ја реафирмира идејата за избор на претседател на државата во Собранието

Од Алијансата за позитивна Македонија изразува најостра осуда на обраќањето на претседателот Ѓорѓе Иванов, кој според нив, настапи како да е кандидат за наследник на Никола Груевски на партиското кормило на ВМРО-ДПМНЕ, а не како претседател на сите граѓани на Република Македонија.

„АПМ ја реафирмира својата идеја за избор на претседател на државата во Собранието на Република Македонија. Тоа треба да го направи новиот состав на Собранието, што би се формирал по вонредните парламентарни избори оваа есен. Настапот на Иванов е причина повеќе за брзи парламентарни избори на крајот на месец октомври оваа година“ - наведуваат во соопштението.

Според АПМ со тоа би се спречило Иванов час поскоро во неговите налудничави намери на изврши „државен удар“.

Слично

Поврзани вести