Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПЛИЦИРАТЕ ЗА РАБОТА? Овие грешки никако НЕ смеете да ги правите

АПЛИЦИРАТЕ ЗА РАБОТА? Овие грешки никако НЕ смеете да ги правите

Знаењата и вештините се основен предуслов за да аплицирате на некое работно место, но сепак е важно и како ќе го презентирате тоа.

Еве кои грешки не смеете да ги правите во вашето CV.

Правопосни грешки

Ако вашата апликација за работа има правописни грешки, тоа е знак дека не сте се посветиле доволно време на тоа. Тоа покажува дека не сте обрнале внимание и не сте доволно заинтересирани за работното место, а оваа особина нема да му се допадне на потенцијалниот работодавец.

CV кое не е прилагодено за одреден оглас

Немојте да праќате CV кое е општо  и не прецизира за каква работа аплицирате. Работодавците во првиот круг обично трошат по триесетина секунди за да го разгледаат секое CV. Затоа прилагодете го за работата на која аплицирате и истакнете ги вашите вештини и знаење. Објаснете што поседувате и зошто вие сте најдобриот кандидат баш за тоа работно место.

COPY/PASTE CV

Немојте да влегувате во шаблон и да препишувате од интернет додека го правите вашете интервју. Таквите изјави за вас се клише и излишни, а работодавецот веќе ги има чуено од други кандидати. Бидете оригинални и креативни додека го пишувате вашето CV, и најважно бидете искрени.

Погрешни податоци

Добро проверете ги вашите податоци во CV-то ( e-mail, телефон...) Целиот труд ќе ви „падне во вода” ако работодавецот не може да ве контактира.

Слично

Поврзани вести