АПЛИЦИРАЈТЕ: Самовработување со грантови трае до крајот на април
Проектот за самовработување со кој за започнување на сопствен бизнис се доделуваат грантови, неповратни средства од 200.000 до 350.000 денари трае до крајот на месецов, што значи уште пет ден има за апликации.
Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ги повика оние кои имаат идеја за отворање сопствен бизнис да ја искористат оваа мерка.
Според Спасов оваа мерка се покажала како една од најуспешните за вработување.
Со овој проект, рече Спасов, се формирале 7.800 приватни компании и се отвориле над 7.900 работни места.
Тој ги повика сите невработени лица кои имаат вештини, одредена идеја за основање сопствена компанија, имаат познавање на одреден занает, и сaкаат да се самовработат да ја искористат оваа мерка и да аплицираат на огласот кој се уште е во тек.
