АПЛИКАЦИИ ДО 20 ЈУНИ за бесплатно летување на децата од социјално-загрозени семејства
И годинава деца од социјално загрозени семејства ќе одмораат бесплатно.
Надлежното министерство денеска го отвори огласот на кој може да се аплицира до 20 јуни.
За оваа намена ќе се издвојат околу 8 милиони денари од буџетот, а проектот на Владата се оддржува веќе четврта година по ред, почнувајќи од 2012.
Ова бесплатно летување е извонредна можност која што ја немаше во минатото, децата на семејствата кои што се во социјален ризик и кои што се со многу ниски примања и кои што се зависни од социјалната помош која што ја дава државата со години немаа можност да заминат некаде на одмор и како нивните врсници да го почувствуваат сето тоа и да можат кога ќе се вратат со другарчињата да споделат како поминале, што виделе што научиле како се одмориле или како се забавувале.
Првите групи треба да заминат на летување на почетокот на јули, а проектот целосно да се реализира до крајот на август, истака миистерот Диме Спасов.
