АПЛИКАЦИЈА ЗА КОНТРОЛА НА ПОСТКОВИД СИМПТОМИ: Граѓаните на Србија ќе може сами да прават проверка
Државниот секретар на српското Министерство за здравство,
Мирсад Џерлек, гостувајќи во
Дневникот на РТС изјави дека за три недели, можеби и помалку, се очекува
да биде завршена апликацијата за пациенти кои се жалат на последиците од
инфекција на корона вирусот.
Џerерлек рече дека идејата за новата апликација се појавила поради приливот на пациенти и потребата да се воведе некаков вид на самоконтрола.
- Излегува дека голем број пациенти бараат лекарска помош. Министерот Лончар му укажа на д-р Горан Стевановиќ од Клиниката за инфективни болести да го направи со својот тим медицинскиот дел од прашалникот каде би се извршила некаква самоконтрола, колку луѓето можат да се сомневаат во постковид синдром. Останува да биде усогласена со е-управа и треба да им биде достапна на граѓаните за три недели - посочи Џerерлек.
Целта, вели тој, е здравствениот систем да стане уште подостапен за граѓаните, за да можат што побрзо да закажат состанок со лекар и да добијат соодветна терапија за постковид синдромот.
- Имаме голем број на пациенти со ментално оштетување, каде оваа состојба остави свој белег врз нацијата, а исто така имаме и органски оштетувања. Совет е да се контактира избраниот лекар кој брзо ќе направи анамнеза и да утврди кој специјалист да повика на помош – потенцираше Џерлек.
