Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПЛИЦИРАЛЕ ЗА ВИЗА ВО СКОПЈЕ, НО ШПАНИЈА ГИ ОДБИ: СП во бокс заврши предвреме за спортистите од Косово

АПЛИЦИРАЛЕ ЗА ВИЗА ВО СКОПЈЕ, НО ШПАНИЈА ГИ ОДБИ: СП во бокс заврши предвреме за спортистите од Косово

На косовската боксерска репрезентација ѝ беше одбиена визата за учество на Светското првенство што ќе се одржи во Шпанија, соопшти Боксерскиот сојуз на Косово.

Светското младинско првенство во бокс започнува следната недела и ќе трае до 26 ноември. Шампионатот ќе се одржи во градот Ла Нучија, Шпанија, која не го признава Косово.

Боксерската федерација на Косово претходно оваа недела објави дека навреме аплицирале за учество и истовремено поднеле барање за виза во Скопје, Северна Македонија.

Но, како што наведуваат, на 10 ноември добиле негативен одговор од шпанската амбасада.

Од Боксерската федерација изјавија дека за нив таа одлука е неприфатлива, бидејќи сметаат дека политиката не треба да ги спречува спортистите да учествуваат на натпреварот, пренесува Танјуг.

ФОТО: EPA-EFE/Zipi

Слично

Поврзани вести