Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аплауз за распуштање, локум за рестартирање на Собранието

Аплауз за распуштање, локум за рестартирање на Собранието

Уставниот суд  на експресно закажана седница ќе ја укине Одлуката за самораспуштање на Собранието . Во  текот на утрешниот ден одлуката најверојатно ќе биде објавена во Службен весник, а  може уште утре вечер или во четврток  да биде закажана седница  на  Законодавниот дом.  Трајко  Вељаноски кој како претседател на Собранието ја предводи официјалната државна делегација на аудиенција кај папата во Ватикан ќе закаже седница за да поништи одлука донесена на 23-ти февруари, со која беше изгласано распуштање на парламентот на 7-ми април, за изборите да се одржат на 5-ти јуни. Од Уставниот суд велат дека, и покрај тоа што е направена промена во Дневниот ред во последен момент, ова е единствената точка која уставните судии ќе ја разгледуваат на утрешната седница.

Уставниот суд во февруари ја отфрли Иницијативата поднесена од лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов и претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, за оценување на уставноста на Одлуката на Собранието на Република Македонија да се самораспушти со одложено дејство.

Тогаш Судот кој расправаше во врска со оваа иницијатива на пратеникот Трајанов и на Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес, за одложеното распуштање на Собранието се прогласи за ненадлежен .

Сега од  Уставниот суд велат дека оваа иницијатива има целосно нови елементи.

„Ова е нов предлог, нова иницијатива која има нови елементи. Точно е дека актот е ценет еднаш, но во него тогаш имало изнесено други елементи. Ситуацијата не е идентична и овој предмет е целосно нов, за него има нова анализа и останува судиите да се произнесат по неа“, велат од Уставен.

Судија известител за Иницијативата беше судијката Наташа Габер-Дамјановска која во образложението истакна дека Уставниот суд треба да поведе иницијатива бидејќи е надлежен, што произлегува и од одговорот доставен од Собранието со кој не се оспорува надлежноста на Судот, туку само се наведува дека сметаат оти Судот не треба да поведе постапка.

Според Габер-Дамјановска, самата Одлука за самораспуштање со одложено дејство е преседан што за прв пат се среќава во земјава, особено што и во претходни изборни циклуси сме имале предвремени парламентарни избори, а Собранието се распуштало во истиот ден кога претседателот на Собранието ги распишувал изборите.

Инаку до крајот на неделава во Скопје ќе допатува и Германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл а за утре во земјава е најавено пристигнување и на заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија Хојт Брајан Ји.

Во врска со посетата на Јоханес Хајндл на земјава и неговиот план за разрешување на кризата од Германската амбасада само кратко одговорија : „Штом имаме конкретни информации ќе ве информираме“ .

Според  неофицијални информации,  Греманскиот специјален пратеник  овој пат  доаѓа со јасен концепт за излез од длабоката криза која се продлабочи по одлуката на претсдедателот Ѓорге Иванов да помилува 56  лица.

Горазд Чомовски

Слично

Поврзани вести