Апелационен суд: Не постојат пречки бараните докази во Пуч да му се предадат на СЈО
Од Специјалното јавно обвинителство соопштуваат дека Апелациониот суд Скопје ја уважил жалбата на СЈО.
Имено, Апелациониот го одбива тврдењето на Основниот суд Скопје 1 Скопје и посочува дека нема не постојат правни пречки бараните списи и докази да бидат доставени во фотокопија на СЈО.
Исто така советот на Апелациониот суд наведува дека основано во жалбата се истакнува дека првостепениот суд при одлучување по барањето не ги ценел во доволна мера одредбите од Законот за класифицирани информации и Уредбата за административна безбедност на класифицирани информации, при што советот на Апелациониот суд како оправдана ја оценил потребата да овластениот тужител поседува примерок од бараните списи.
Имајќи го предвид наведеното јасно произлегува дека барањата кои СЈО ги истакна во рамки на постапката по предметот Пуч, се засновани на закон и не постојат никакви законски пречки за нивно удоволување.
Според тоа и одолговлекувањето на почетокот на главната расправа во овој предмет не може да се препише на вина на Специјалното Јавно обвинителство, кое во рамки на законските прописи, крајно професионално и одговорно постапува.
