АПЕЛАЦИЈА ПРЕСЕЧЕ: Талески останува во куќен притвор уште 30 дена
Апелационот суд денеска донесе одлука со која му го продолжи домашниот притвор на битолскиот градоначалник.
Всушнот, Апелација го потврди решението на кривичниот совет на Одделението за организиран криминал за осомничениот Талески кој СЈО го сомничи во случајот „Транспортер“ а ја одби неговата жалба против мерката куќен притвор.
Владимир Талески доби уште 30 дена домашен притвор.
Вчера градоначланикот на Битола по излегувањето од Апелацискиот суд во Скопје изјави дека нема направено ништо со што се се огрешиле пред законот.
„Апсолутно се чувствуваме супериорни и убеден сум дека овие луѓе во Апелација ќе ја согледаат вистината и ќе донесат права мерка“ – рече тој.
Денеска се разгледува неговата жалба за укинување на мерката домашен притвор, донесена на предлог на Специјалното јавно обвинителство.
„Немаме направено никаков прекршок. Не може од еден телефонски разговор што го водат некои двајца луѓе за некој трет, овој третиот да одговара“- вели Талески.
За тоа дали ги потпишува документите за општина Битола, Талески кажа дека тој освен мерката домашен притвор нема никаква друга забрана.
Тој речиси два месеци е во домашен притвор за случајот „Транспортер“ за направилности со ученичкиот превоз во општина Битола.
