Апелација пресече: Наместо 4 и пол, две години затвор за Кежаровски!
Апелациониот суд денеска се произнесе со одлуката во врска со пресудата за предметот на Кривичниот суд во јавноста познат како „Ликвидација“ со која генерално ја потврди првостепената пресуда, со тоа што е преиначени во делот за неколкумина обвинети.
Имено, на новинарот Томислав Кежаровску му утврди единствена казна во траење од 2 години затвор, наместо 4,5 како што беше првичната пресуда.
Кежаровски беше обвинет дека го открил идентитет на заштитениот сведок во случајот со убиството во велешкото село Ореше и во притвор помина речиси пет месеци во истражниот затвор „Скопје“, а од ноември 2013 година тој е во домашен притвор.
Во соопштението од судот се наведени казните одредени од Апелациониот суд и за дел од останатите обвинети во случајот „Ликвидација“.- Иле Танев, единствена казна затвор во траење од 1 години и 6 месеци.
- Валентин Зафиров, казна затвор од 2 години и 6 месеци затвор.
- Ивица Ефремов единствена казна затвор од 3 години .
- Борис Николовски алтернативна мерка Условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку истиот во следните 3 години не стори ново кривично дело.
- Сашо Лазаревски му утврди алтернативна мерка Условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку истиот во следните 3 години не стори ново кривично дело
Слично
